Предлог-буџетот за 2026 година, дополнет со усвоените амандмани, денеска е на дневен ред на 73. седница на Собранието. Во текот на амандманската расправа во матичната Комисија за финансирање и буџет, беа прифатени 20-тина амандмани од вкупно поднесените околу 200 амандмани. Предлог-буџетот за 2026 година е еден од стратешките економски документи што се усвојува при крајот на годината, а со кој се трасира патот на економијата во следната година. ...
Разрешувањето на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски утре ќе биде ставено на пленарна седница на Собранието. Претседателот на Собранието, Африм Гаши денеска на брифинг со новинари рече дека на утрешната пленарна собраниска седница се очекува да биде ставен предлогот на Владата за разрешување на Коцевски. Сѐ уште не е пратена покана до Коцевски дека на утрешната седница на дневен ред ќе биде ставено неговото разрешување. Поканата би ...

