Факултетите и Високата школа на УКЛО покрај книги на жалост ќе организираат активности што може да им помогнат на студентите да се справат со тагата и емоционалната вознемиреност. Во рамки на овие активности ќе се спроведат креативни работилници, дискусии и други методи кои ќе обезбедат простор за изразување на емоции и мисли. Студентите кои чувствуваат потреба за разговор или имаат потреба од советување по повод трагичниот настан, се ...
Во овој момент најмногу е потребна помош за надминување на траумата предизвикана од пожарот во Кочани, особено на најблиските и семејствата на починатите. Потребна е стручна и адекватна помош, за настани од овој тип постои протокол што мора да се почитува. Стручните лица, како што се психолозите, ќе укажат емпатија и ќе им помогнат на засегнатите да го разберат немилиот настан. Ќе биде потребен подолг период за закрепнување, а психолозите ги ...