Екипата на Арсими 1973 му приреди голем шок на Силекс и славеше на катастрофалниот терен во Кратово со конечни 1-3 (0-1) во натпреварот од 15. коло на Првата фудбалска лига. Мечот започна со доцнење од дваесет минути поради исклучително мокриот терен во Кратово. Актерите на двата тима мака мачеа да сврзат нормални подавања, топката често заглавуваше во тревата, но тоа не беше причина да не гледаме интересен фудбал, полн со шанси на двете ...
По високата победа над Шкендија во претходното коло, фудбалерите на Арсими со голема самодоверба отпатуваа во Кратово и направија ново изненадување, овојпат го совладаа Силекс и покажаа дека се во одлична форма. Мечот се играше по ужасни услови за игра, теренот беше поплавен, па фудбалерите мака мачеа да ја контролираат топката. И во едни такви услови, беа постигнати четири голови. Резултатот го отвори Мирнел Хуриќ кој постигна гол пред самиот ...

