Останува само уште една непознаница во италијанскиот шампионат, а тоа е дали Лече или пак Кремонезе ќе замине во Серија Б следната сезона. И двата тима вечерва триумфираа на своите мечеви, па Лече со предност од еден бод влегува во последното коло. Лече вечерва славеше на гостувањето кај Сасуоло со 1-2. Гостите поведоа со голот на Чедира во 14. минута (0-1). Сасуоло на 1-1 израмни преку Лауриенте во 20. минута, додека Чедира со својот втор ...

Екипата на Каљари официјално го обезбеди опстанокот во Серија А, откако славеше со 2-1 над Торино во натпреварот од 37. коло. Тимот од Сардинија дојде до триумфот со головите на Себастијано Еспозито и Јери Мина, а стрелец на погодокот за „биковите“ беше Рафаел Обрадор. Каљари со овие три бода има вкупно 40, шест повеќе од Кремонезе, кој победи кај Удинезе со 0-1, но остана во опасната зона. Бодовите за тимот од Кремона ги донесе Англичанецот ...