Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци истакна дека стабилноста и развојот на Македонија се можни само со доверба во институциите кои ќе функционираат на основа на владеење на правото со дел на дигитализација. – Интеграција на дигитални процеси, автоматизација и енергетска транзиција претставуваат стратешка приоритетна насока. Зелената економија не е идеолошки проект, туку државна потреба. ...
Македонската економија мора да излезе од историската замка на ниските плати, евтината работна сила и ограниченото производство. До 2030 година, земјата мора да направи структурен премин, од економија на евтина продукција кон економија на знаење, високи компетенции и додадена вредност, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во своето прво обраќање во отворениот дел на XVIII конгрес. „Економската сила ја определува државната сила. Затоа Македонија мора ...

