Ситуацијата со пожарите во Албанија и понатаму е алармантна, со 37 активни пожари низ целата земја и вонредна состојба на работ на градот Делвина, пренесоа денеска албанските медиуми. На сателитските снимки објавени од „Albanian Post“ се гледа дека целиот град Делвина е опколен со широк појас на пламен, кој се протега околу 25-30 километри, од подрачјето на Лефтерхори и Кардика на северозапад, до Музина и Дровјани на југоисток. Пожарите се ...
Албанскиот министер за одбрана Пиро Венгу потврди дека во земјата 14 пожари се уште се активни и зафаќаат големи површини. Во објава на социјалните мрежи, наведува дека во гаснењето на неколкуте големи пожар на југот на земјата, освен противпожарни единици, армиски, полициски сили и доброволци, вклучени се и хрватски и шведски авион „Канадер“. Венгу додава дека се очекува пристигнување на два хеликоптери од воздухопловните сили на Обединетите ...