Седум поени за нешто повеќе од девет минути игра за македонскиот кошаркар Ненад Димитријевиќ во убедливата победа на Баерн Минхен над Јена од 61-106. Димитријевиќ го почна мечот од клупата за резерви, а потоа доби минути од тренерот Светислав Пешиќ, но во малата минутажа постигна скромен број на поени. Тој имаше 100% ефект во сите параметри. Имаше 1/1 за три поени, 1/1 за два поени и 2/2 од слободни фрлања. Најефикасен кај „Баварците“ беа ...
Македонскиот репрезентативец, Андреј Јакимовски одигра одличен меч за Тренто против Канту во 20.коло во италијанскиот шампионат. Јакимовски беше најдобар гостински кошаркар со 19 поени, 7 скока и 1 асистенција, меѓутоа домаќините имаа повеќе расположени играчи и се изборија за славје на ова соочување од 108:91. Бартолани беше лидер кај победникот со 24 кошеви и 4 скока. Тренто со учинок 9-10 е на 7. место на табелата во Лега А. Во Германија ...

