Се појавуваат нови докази за обидите на премиерот Виктор Орбан да ја сврти Унгарија кон исток и да ја поврзе економски и политички повеќе со Русија, што неговиот главен противник го користи против него пред изборите во недела, пишува Политико. Унгарската влада потпиша договор со Русија за проширување на економските, трговските, енергетските и културните врски, откриваат документите на руската влада до кои дојде Политико. Овие документи, ...
Според достапните информации, договорот за соработка опфаќа дури 12 точки и предвидува проширување на односите во низа сектори – од енергетиката до културата. Документите покажуваат дека унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто и рускиот министер за здравство Михаил Мурашко го потпишале планот по состанок во Москва во декември, пишува „Политико“. Договорот вклучува продлабочување на соработката во области како нуклеарната ...

