Најновите истражувања на Институтот за демократија Социетас цивилис покажа дека по долги години пад расте поддршката на граѓаните за влез во Европската унија. Според директорот на Социетас цивилис, Марко Трошановски, дури 71 отсто од граѓаните дале поддршка за ЕУ, што е многу голем скок, особено што тоа се должи на сменетото расположение на македонската заедница. Истражувањето беше претставено во Собранието. ЕУ континуирано се гледа како ...

Поддршката за членството на Македонија во Европската унија (ЕУ) значително се зголемува во 2025 година, при што јавното мислење покажува јасни знаци на намалена апатија и посозреано разбирање на европската интеграција како процес на реформи и усогласување со европските стандарди, покажуваат резултатите од најновите истражувања на јавното мислење спроведени од Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје, во соработка со Фондацијата ...