Комитетот за светско наследство на УНЕСКО на денешната сесија во Париз одлучи да го одложи впишувањето на Охридскиот регион на Листата на светски наследства во опасност. Македонија и Албанија добија дополнително време, односно рок до 1 февруари 2026 година, за да достават извештај за преземените активности за имплементација на забелешките од претходните мониторинг мисии. Во нацрт-одлуката беше нотирано дека регионот се соочува со сериозни ...
10 јули 2025 Министерот за култура и туризам Зоран Љутков и министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски на денешната прес-конференција информираа за одлуката на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО донесена на денешната 47. сесија во Париз. „Комитетот за светско наследство на УНЕСКО на денешната 47. сесија што се одржува во Париз донесе одлука со која на Република Македонија и на Република Албанија им се даде ...
Носењето на политичка одлука по трет пат е преседан за Охридскиот Унесков регион и пораз за цел свет не само за нас вели Драгана Велковска од невладината Охрид СОС. Оваа реакција на активистите доаѓа после новата шанса од плус една година за корекција на аномалиите во Охридскиот региони која вчера ја даде Комитетот за светско наследство на Унеско.Според Велковска слушањето лобисти а не експерти ќе доведе до уште поголема девастација на регионот. ...
Четириесет организации од Македонија, Албанија и други земји од Европа велат дека се ужаснати од одлуката на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО, кој денеска им додели уште една година грејс-период на Македонија и Албанија, наместо да го впише Охридскиот Регион во Листата на светско наследство во опасност. Во заедничка изјава, испратена веднаш по усвојувањето на одлуката во Париз, организациите обвинуваат дека Комитетот повторно ги ...