-Српскиот кошаркар Никола Мишковиќ одигра одличен меч против Шкупи, со 30 поени предводејќи го тимот до убедлив триумф. Пелистер го одигра еден од најдобрите мечеви оваа сезона откако на гостински терен го демолираше Шкупи со убедливи 70:103, реванширајќи му се на овој ривал за неочекуваниот пораз во првиот дел од сезоната. „Пелистерци“ одиграа фокусирано, со максимален пристап во првите три четвртини стигнувајќи и до предност од 40 поени. ...

Иако во таборот на Пелистер владееше одлична атмосфера по неверојатната победа над Шкупи во претходното коло (70-103), сепак, Работнички покажа класа и повторно му зеде скалп на „зелено-белите“ оваа сезона и запиша значајна победа во битката за што подобар пласман во плеј-офот. Натпреварот во Битола заврши со сигурна победа на најтрофејниот од 83-90, со која Работнички се искачи на третото место на табелата. Џулијан Рош со 18 поени и Ѓуроски со ...