Украинскиот натпреварувач во скелетон (зимски спорт во кој целта е да се премине определена патека со специјални санки во што е можно пократко време) – Владислав Хераскевич изјави дека Меѓународниот олимписки комитет (МОК) му забрани да носи кацига со слики од спортисти убиени за време на војната во Украина. Спорната кацига, која 27-годишниот Хераскевич ја носеше за време на официјалниот тренинг за Зимските олимписки игри во Кортина ...

Кацигата на Хераскевич стана хит низ светските медиуми, а самиот тој потврди дека се работи за украински спортисти кои загинале во војната. Дел од нив биле и негови пријатели. Хераскевич кажа дека Меѓународниот олимписки одбор го контактирал и Украинскиот олимписки одбор поради неговата кацига затоа што на ЗОИ не се допуштени никакви политички, верски или расни пропаганди. Пред да се натпреварува на овие Зимски олимписки игри, тој вети дека ...