Доколку попладнево планирате патување кон јужниот сосед, подгответе се за неколкучасовен прекин на сообраќајот. Според најавите, граничните премини Евзони и Ники (Меџитлија) ќе бидат блокирани од грчките земјоделци во неколку временски интервали: Земјоделците најавуваат дека нема да се повлечат од улиците додека не се исполнат нивните барања, иако се очекува од утре блокадите да бидат олабавени поради претстојните божиќни и новогодишни празници. ...
Продолжување на активности, но и заострување во следните денови, одлучија грчките земјоделци на денешниот состанок на кој учествуваа претставници на над 50 блока од цела Грција, а паралелно уште еднаш го одбија повикот од Владата за средба, јави дописничката на МИА од Атина. Претставници на земјоделците велат дека по денешниот состанок и со одлуките, покажале дека блоковите од цела Грција функционираат како еден обединет блок, објаснија дека не ...

