Скопје. 23 Мај 2025 – „Здравјето на граѓаните е неприкосновено. Аерозагадувањето не е само еколошки, туку и здравствен предизвик. Нашиот одговор е јасен – енергетска транзиција со конкретни мерки и силна контрола,“ изјави министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, за време на надзорната расправа на Собраниската комисија за здравство, посветена на влијанието од аерозагадувањето врз здравјето на населението. ...
Министерката Божиновска потенцираше дека Министерството е целосно вклучено во спроведувањето на проектите од „Планската програма за почист воздух 2024 – 2030“, кои директно таргетираат намалување на загадувањето преку инвестиции во почисти извори на енергија и подобрување на енергетската ефикасност. Таа посочи дека Министерството активно работи на повеќе фронтови, субвенционирање на топлински пумпи и гасни котли во домаќинства, развој на гасни ...