Ракометарите на Вардар прокнижија уште една победа во Суперлигата, овојпат против градскиот ривал Бутел кого го добија со 42:27. „Црвено-црните“ беа апсолутни фаворити на ова соочување, статус кого го оправдаа и на теренот и со тоа направија уште еден исчекор кон враќање на лигашкиот трофеј во своите витрини. Малус осум гола беше најпрецизен во 26 сезонски триумф, Валах пак забележа 9, а Гогов 8 одбрани. Кај поразените Михајловиќ имаше осум ...
Ракометарите на Вардар 1961 ја оправдаа фаворитската улога и го совладаа Бутел со 42-27 во натпреварот од петтото коло на плеј-офот во Суперлигата на Македонија. Натпреварот кој се одигра во малата сала при СЦ „Јане Сандански“ во целост му припадна на фаворитот кој беше убедлив. Најефикасен во таборот на Вардар беше Јака Малус со осум реализации, додека исто толку даде и Дејан Милосављевиќ кај Бутел. На вардарци до крајот на сезоната им се ...

