Лацио одамна не е на она врвно ниво од времето кога овој тим се бореше за трофеи во Италија, а тренерот Сари мака мачи да оствари добар резултат со фудбалерите што ги има на располагање. „Лацијалите“ имаа забрана за трансфери минатото лето, а сега во јануари мораа да продадат дел од своите најдобри фудбалери. Кастелјанос беше продаден во Вест Хем, на негово место пристигна Србинот Петар Ратков од Салцбург, кој очигледно не е играч по желбите ...

Лацио го купи српскиот напаѓач Петар Ратков од Салцбург за 13 милиони евра, фудбалерот има 22 години и важи за перспективен шпиц. Но, скандалозно е тоа што од клубот не се консултирале со Сари за трансферот на фудбалерот. „Искрено, не го познавам Ратков и не знам речиси ништо за него. Тешко ми е да зборувам за фудбалер со кого не сум запознаен. Луѓето од клубот го донесоа и тие знаат повеќе“, изјави Сари по натпреварот против Фиорентина кој ...