Актуелниот лидер во Супер кошаркарската лига на Македонија, ТФТ, вечерва има шанса да го продолжи сонот за пласман во најквалитетната јадранска конкуренција. Вториот четвртфинален меч против Златибор ќе го даде одговорот дали екипата од Тафталиџе ќе биде елиминирана или ќе се избори за „мајсторка“ на гостински терен. Златибор го доби првиот меч со убедливи 101-86, па ТФТ вечерва од 18 часот во салата „Градски парк“, односно по ново „Лазар ...

Кошаркарите на ТФТ забележаа голема победа над Златибор со 87-79 во вториот натпревар од плејофот во АБА2-лигата, иако во текот на мечот се соочија со негатива од 18 поени (31-49). Македонскиот тим не го започна најдобро натпреварот и првата четвртина ја загуби со 14-21. Златибор продолжи со сигурна игра и во вториот период, па на полувремето замина со убедлива предност од 49-33. Сепак, во второто полувреме ТФТ покажа сосема поинакво лице. ...