Лос Анџелес Клиперс реши да се откаже од уште еден од носителите на својата игра во овој период за размени и го испрати Ивица Зубац во редовите на Индијана Пејсерс. Американските медиуми објавија дека хрватскиот центар ќе се пресели во екипата од источната конференција, со што Клиперс губи кошаркар кој минатата и оваа сезона имаше повеќе од солидни бројки на своите настапи за составот од Калифорнија. За да го добие Зубац, Индијана мораше да ...

Не е лесно да се биде НБА кошаркар, дури и кога заработуваш милиони долари. Ивица Зубац доживеа колку суров може да биде животот на професионален спортист, особено во Соединетите Американски Држави. Хрватскиот центар беше продаден од Лос Анџелес Клиперс во Индијана Пејсерс на последниот ден од „трансфер рокот“. Одеднаш мораше да ги спакува куферите и да го напушти градот каде што живееше во последните десет години. И тоа беше во истиот момент ...