На 1 ноември 2025 година, арената „Борис Трајковски“ во Скопје ќе биде домаќин на фестивалот SCREAM, каде што на едно место ќе застанат три легенди на музичката сцена, Влатко Стефановски трио, Рибља Чорба и Галија. Вечерта ќе биде дополнета со бројни изненадувања, а на сцената ќе се појави и специјален гостин, чие име останува во тајност сè до самиот настан. Оваа година фестивалот носи сосема ново значење и добива посебна тежина, тоа нема да ...
„Рибља чорба“ без Бора Ѓорѓевиќ како фронтмен е тажна слика на сцената за фановите на култниот српски бенд, и доказ колку за еден човек може да се каже дека го носел имиџот на групата. Препорачано „Чорба“ со новиот пејач Јован Јефтиќ, познат како Јоца Змај настапи вчера во Скопје, во рамките на фестивалот „Скрим“ во Арената „Борис Трајковски“ кој го организира „Прагма“ продукција. Се одржаа три концерти во една вечер, на „Рибља Чорба“, Влатко ...
Синоќа во салата „Борис Трајковски“ во Скопје се одржа „Скрим фестивалот“ со бендови кои и тоа како оставија трага за време на својата работа и тоа во регионални рамки. Вечерта ја отвори „Рибља чорба“ со новиот пејач Јован Јефтиќ кој успеа да ги долови сите големи хитови кои ги слушавме од починатиот Бора Ѓорѓевиќ. Јефтиќ преку добро познатите песни ја освои публиката која пееше со него – а како и нема кога сите ги знаат хитовите кои ја ...
„Оваа песна му ја посветувам на нашиот град кој уште се вика Скопје“, рече Влатко Стефановски на фестивалот Скрим кој се одржа вчера (1 ноември) во салата „Борис Трајковски“. Стефановски со бендот ја испеа „Скопје“ на крајот од нивниот настап, песната која со култната група „Леб и сол“ ја сними во 1987. Познатиот гитарист настапи со стандардната постава: Иван Кукиќ на бас, Јан Стефановски на тапани, плус Дамир Имери на клавијатури, екипа со која ...

