Шкендија стигна до важна победа во Кратово, откако со гол во самиот финиш го совлада Силекс со 2-1 и не му дозволи на Вардар дополнително да се одлепи на врвот на табелата. На тежок терен и во борбен натпревар, гостите од Тетово први го зададоа ударот. Фабрис Тамба во 17. минута ја затресе мрежата и донесе предност за својот тим. Сепак, упорниот Силекс не се предаде – кратовчани возвратија во завршницата од првото полувреме, кога Бутуровиќ ...

Шампионот поведе во 17. минута кога по нафрлување од Нуман Ајети, Фабрис Тамба одлично се снајде и ја смести топката во мрежата на Љупче Џеков за 0-1. До паузата тетовци пропуштија уште неколку можности, ја погодија и пречката преку Алхасан, а казната стигна во 45. минута кога Едиз Бутуровиќ искористи топка во шеснаесетникот и израмни на 1-1. Во продолжението немаше премногу ритам и вистински шанси, а најдобрата можност за Силекс ја пропушти ...