Во 10 часот најтопло било во Гевгелија, каде се измерени 7,7 степени Целзиусови. Во Скопје температурата изнесувала 0,9 степени, додека во Тетово и Штип биле измерени -0,5 степени. Македонија денеска ја очекува ведро и студено утро, додека во текот на денот времето ќе биде променливо облачно. Кон крајот на денот и во текот на ноќта, во западните делови од земјата се очекуваат повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од ...
Во Берово утрово се измерени -11 степени и насекаде во државата темепературите се под нула. Управата за хидрометеоролошки работи информира дека -8 степени се измерени во Крива Паланка, -7 во Струмица, -6 во Куманово, Штип, Скопје – Петровец, Демир Капија и Битола, -5 степени во Лазарополе, Тетово, Велес, Кавадарци и Прилеп, -4 Скопје – Зајчев Рид, Попова Шапка, Крушево и Виница, -2 во Гевгелија и -1 степен во Претор и Охрид. Според прогнозата ...

