На 78-годишна возраст вчера почина култниот режисер Дејвид Линч. Линч имаше проблеми со здравјето, откако пред неколку години во 2020 година му беше дијагностициран белодробен емфизем, поради хронично пушење цигари, навика што ја стекнал на само 8-годишна возраст. Ги остави цигарите во 2022 година, но тоа не му помогна. Ќе го паметиме по култната серија, една од најдобрите на сите времиња, Твин Пикс, филмовите Mulholand Drive, The Elephant Man, ...

Култниот режисерот, сценарист, музичар, глумец, фотограф, сликар и воопшто уметник, Дејвид Линч почина на 78-годишна возраст. Смртта на познатиот американски „оскаровец“ ја потврди неговото семејство. „Постои голема празнина во светот сега кога тој веќе не е со нас“, објавија тие. Линч, кој е најпознат по делата како серијата „Твин Пикс“ (Twin Peaks), филмовите „Син сомот“ (Blue Velvet), „Мулхоланд Драјв“ (Mulholland Drive), „Ѕвезден булевар“ ...