Европскиот шампион ПСЖ ќе игра против Монако во плејофот на Лигата на шампионите, каде Реал Мадрид доби незгоден противник во Бенфика на Жозе Мурињо. Португалците се најдоа во оваа фаза по драматичната завршница на дуелот со Реал пред два дена, а сега ќе играат плејоф двомеч со најтрофејниот клуб во Лигата на шампионите. Њукасл ќе треба да патува во Азербејџан, Јувентус има незгоден дуел со Галатасарај, додека Интер може да биде задоволен со ...
Во средата, Бенфика и Реал одиграа епски меч во Лигата на шампионите. Португалскиот клуб победи со 4:2, со голот на голманот Трубин во 98-та минута. Тој гол и донесе пласман на Бенфика во нокаут фазата. Дуелите на европските великани ќе добијат ново поглавје, откако дебешната ждрепка во Нион, ги спои Реал и Бенфика. Првите натпревари ќе се играат на 17 и 18 февруари, а реваншите на 24 и 25 истиот месец. Двојки за плејофот во Лигата на ...

