Еманципаторските движења ширум светот со право се израдуваа на победата на Зохран Мамдани на изборите за градоначалник на Њујорк. Се покажа дека современата популистичка десница нема монопол врз мобилизацијата на масите и привлекувањето нови или разочарани гласачи. Тоа можат да го направат и демократските социјалисти. Но, како што добро знае Мамдани, неговата победа ќе биде проследена со обиди за економска и финансиска саботажа. Американскиот ...

Главен меѓу конвертитите е милијардерот Бил Акман, кој потроши милиони лични пари за да ја уништи кандидатурата на Мамдани, предупредувајќи на социјалните медиуми дека градот ќе „стане многу поопасен и економски неодржлив“ ако Мамдани го победи Ендру Куомо на листата на демократите. Акман ветуваше дека има „стотици милиони долари достапен капитал“ ако вистинскиот кандидат се појави во трката. После победата на Мамдани, истиот напиша: „Честитки ...