Под влијание на длабок циклонски систем со центар над Џеновскиот, залив кој ќе го проширува неговото влијание до нашиот дел од eвропскиот континент и ќе услови формирање на голем влажен бран, за време на викендов во Македонија ќе имаме обилни и поројни врнежи од дожд (локално над 30 литри на метар квадратен дожд) особено во текот на ноќта кон недела и во недела 15 февруари, пишува метеопрогнозерот Славчо Попоски на неговиот портал Метеоаларм. ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно, а во попладневните часови и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни и ќе надминат 20 литри на метар квадратен. Како што соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи, ќе дува засилен, повремено силен ветер од југоисточен правец, кој ќе биде поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 5, а максималната ќе достигне од 12 до ...