Уште има куќи во Ресенско кои се поплавени и од кои се испумпува вода, вели градоначалникот на Ресен Јован Тозиевски, иако по синоќешните поплави тимовите на терен успеале да санираат дел од состојбата. Обилните врнежи дожд предизвикаа поплави на голем дел од територијата во Преспа, по селата, но и во делови од Ресен. Најризично беше во селата Горна и Долна Бела Црква, Црев Двор, Езерани, Перово, но и во Ресен. „Уште има поплавени објекти, ...

Поплавени домови, подруми и гаражи, евакуирани граѓани, непроодни улици, свлечишта, одрони на патиштата. Ова е епилогот од синоќешните обилни врнежи кои ја зафатија дел од државата, а најпогодени беа Кичево и Ресен, каде локалните власти формираа кризни штабови. Стотина жители кои вчера беа евакуирани од своите домови во Кичево се сместени во салата „Христо Узунов“, обезбедени им се кревети и топли оброци, а присутни се и лекарски тимови. На ...

Обилните врнежи од дожд во изминатите неколку денови предизвикаа сериозни поплави, одрони и проблеми во сообраќајот низ цела држава. Поплавени се домови, подруми, магацини а уништени се и земјоделски површини. Една од покритичните точки покрај Охрид и Кичево е и Ресен. Надојдената вода предизвикала сериозни материјални штети а ја загадила и водата за пиење. Жител на Ресен кој сакаше да остане анонимен за Телевизија 24 раскажа дека состојбата ...