По наредените мерки за целосно чистење и дезинфекција во кујната на основното училиште „Димо Хаџи Димов“, инспекторите на Агенцијата за храна и ветеринарство денеска повторно земаа брисеви од работните површини, опремата и машините. Целта е да се утврди дали објектот е безбеден за работа. Вработените во кујната се испратени на вонредни здравствени санитарни прегледи. Кујната ќе остане затворена сè додека не пристигнат лабораториските резултати. ...

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) изрече парични санкции за операторот со храна „Ванила фуд“, откако вонредните контроли во скопското училиште „Димо Хаџи Димов“ и во уште осум основни училишта открија повеќе сериозни неправилности, меѓу кои и присуство на ешерихија коли во намаз што се користел во исхраната на учениците. По земените мостри од храна и брисеви од работни површини, АХВ констатира дека примерокот од мусаката послужена во ...