Во координација со Командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев денес делуваме на два фронта: Упатуваме едно теренско возило кон населеното место Николиќ, општина Дојран, за поддршка во справување со пожарите. Истовремено, едно теренско возило со наши пожарникари-спасители ќе тргне на пат кон Крива Паланка, каде гори силна огнена стихија, во координација со колегата Сашко Митовски. Кога гори Македонија, не постојат општини, разлики, институции ...

„Во директна опасност од огнената стихија се наоѓа населеното месо Лозаново и домовите на жителите“, соопшти градоначалникот на Крива Паланка Сашко Митовски. При посета на загрозеното подрачје Митовски нагласи дека градот се наоѓа под закана најголема огнена стихија во последните неколку години и упати апел за смиреност, но и за помош од соседните општини, од државата и од доброволци. „Апелирам и алармирам за смиреност, но во истиот момент за ...