Во текот на само едно деноноќие, Министерството за внатрешни работи регистрирало дури девет случаи на семејно насилство низ државата, а седум лица завршиле во полициска станица. Во еден од случаите, лице било пренесено на лекување во Психијатриската болница во Демир Хисар. Според информациите на МВР, серијата инциденти била евидентирана на 12 јули во повеќе градови и населени места низ Македонија, при што во повеќето случаи станува збор за ...

На 12.07.2026 во 21:15 часот во валандовско село, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Валандово лишија од слобода 26-годишен жител на тоа село. Според пријавеното, тој околу 17:30 часот во семејниот дом физички го нападнал неговиот 51-годишен татко. Известен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава. На 12.07.2026 во 20:45 часот во Радовиш, полициски ...