Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во училишен ракомет, настан на кој машката и женската македонска кадетска репрезентација ќе имаат можност да покажат што знаат и умеат на домашен терен, но и да видат на кое ниво се во споредба со врсниците ширум планетава. Кадетите ги предводи Горан Кузманоски, а тие во првата фаза ќе ги одмерат силите со Грузија, Саудиска Арабија, Бугарија и Република Српска. Кадетките пак на клупата ја имаат ...
Македонската машка кадетска репрезентација убедливо ја победи селекцијата на Бугарија со 33-18 (11-8). Избраниците на Горан Кузманоски одиграа убедлив натпревар и водеа од стартот, па тоа на крајот го материјализираа со победа. Во второто коло кадетите ќе се судрат со Грузија во 10:30 часот во салата „Македонско Сонце“. Женската кадетска селекција славеше во својот дуел против Белгија со 33-12. Избраничките на Даниела Новевска Велјановска ...

