Иранската револуционерна гарда соопшти дека ќе биде овозможен безбеден премин низ Ормускиот Теснец, откако претседателот Донлад Трамп изјави дека го запира „Проектот Слобода“ во чии рамки американската војска ги придружуваше трговските бродови низ овој стратешки воден пат, објави „Ен-пи-ар“. Командата на морнарицата на Гардата во објава на социјалните мрежи соопшти дека повеќе нема да го блокира минувањето на бродовите низ теснецот. ...
Претседателот на САД Доналд Трамп изјави дека Соединетите Американски Држави ќе ја паузираат својата мисија за придружба на трговските бродови низ Ормускиот теснец, само два дена откако таа започнала, наведувајќи дека целта е постигнување мировен договор со Иран. И покрај неодамнешните воени тензии во регионот, Трамп порача дека е постигнат „голем напредок“ во преговорите и дека операцијата за придружба на бродовите ќе биде привремено ...

