Повеќе од 526 илјади граѓани требаше да добијат поврат на платениот данок на додадена вредност за последниот квартал од 2025 година. Парите од мерката „МојДДВ“требаше да бидат исплатени до крајот на минатиот месец. Дел од граѓаните ги добија парите, но дел останаа без пари. Од Управата за јавни приходи велат дека налозите се дадени, а од Министерството за финансии за „Слободен печат“ велат дека сите налози кои стигнале до нив се исплатени. Но ...

И после поминати пет дена од законскиот рок за исплатата на средствата од мерката „МојДДВ“, дел од граѓаните се уште не добиле поврат од скенирањето фискални сметки. Ова се случува по вторпат од воведувањето на оваа мерка, која е една од ретките кои директно враќа средства кај граѓаните, но, првпат да се поминати толку денови од последниот ден за предвидената законска уплата. Загрижените граѓани се уште бараат одговор и преку коментари ја ...