Министерските фотелји се поделени, договорот е постигнат, но картите сè уште не се отвораат. Иако распределбата на ресорите помеѓу коалициските партнери за најавената реконструкција на Владата е принципиелно договорена, сепак конечниот распоред на министрите ќе биде познат по седницата на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. На прашањето дали Вреди го презема Министерството за правда од ЗНАМ и што за возврат ќе добие партијата на Максим ...

Договор со коалициските партнери Влен и ЗНАМ околу ресорите за најавената реконструкција на Владата принципиелно е постигнат, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски. За време на денешниот престој во скопската општина Гази Баба, одговарајќи на новинарски прашања во врска со информациите дека Вреди го презема ресорот правда од ЗНАМ и што би добила партијата на Максим Димитриевски како замена, Мицкоски остана на ставот дека нема да ...