Екипата на ГРК Охрид се подготвува за историското финале со Татабања на домашен терен каде ќе игра за трофеј во Европскиот Куп на ЕХФ, но размислува и за следната сезона во која ќе гради поконкурентен тим. Дојдоа повеќе нови имиња за следната сезона кои се официјализирани, но се подготвуваат и заминувања. Еден од играчите кој ќе си замине од градот крај езерото по крајот на актуелната сезона е хрватскиот пивот Џанкарло Прибетиќ. ...

ГРК Охрид е на само еден натпревар од испишување историја, откако во првиот финален меч од ЕХФ Европскиот Куп успеа да слави на гостувањето кај МОЛ Татабања во Унгарија. Пред реваншот во преполната „Билјанини Извори“, во изјава за Спортска Мрежа, голманот на охриѓани- Бојан Блажески порача дека тимот има причина да жали што не обезбедил и поубедлива предност од Унгарија, но дека сега целиот фокус е насочен кон решавачките 60 минути во Охрид. ...

ГРК Охрид ги повика своите навивачи заедно да ја проследат најважната битка во клупската историја, реванш финалето од ЕХФ Европскиот Куп против МОЛ Татабања. Од клубот информираа дека за големото финале ќе биде организирана фан зона, каде сите поддржувачи ќе можат заедно да го следат натпреварот во живо на лед екран и да бидат дел од атмосферата во борбата за европскиот трофеј. Во Охрид веќе владее вистинска еуфорија пред историскиот меч, а ...