На 4 ноември, Оперскиот и Балетски ансамбл при Националната опера и балет, по повод одбележувањето на 7 Ноември, во Народниот театар- Гевгелија, ќе гостуваат со „Болеро“ и „Оперски концерт“, во организација на ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија. Концертот на НОБ ќе започне во 20 часот. Гевгеличани, во првиот дел, ќе имаат можност да ги проследат и да уживаат во балетската изведба на „Болеро Морис Равел, во кореографија на Саша Евтимова, ...
Во рамките на манифестцијата „Есенски музички свечености“ 2022 на сцената на Националната опера и балет на 5 ноември во 20 часот ќе се изведе атрактивната балетска претстава „Госпоѓиците од Авињон“. Балет во 9 слики. Балетската претстава „Госпоѓиците од Авињон“ е инспирирана од истоимената слика на уметникот Пабло Пикасо, зборува за пет жени и нивниот живот, нивната потрага по љубовта, смртта и слободата. Музиката во претставата е на Калиопи ...