По крајот на репрезентативните обврски, познат е и изгледот на најновата ФИФА-листа која ќе биде потврдена од „куќата на фудбалот“ во месецот кој ни следи. Македонија бележи пад од едно место. По убедливиот пораз од Данска и ремито против Ирска, нашиот национален тим загуби 7,15 поени. Во моментов Македонија се наоѓа на 67 место, а пред нас е Босна и Херцеговина која скокна за пет места. Во ТОП-10 има три промени. Шпанија е лидер на листата, ...
Македонската фудбалска репрезентација е на 67 позиција на најновата ФИФА листа, што е пад за едно место од претходното рангирање. Во март Македонија одигра два меча на гостински терен во кои не успеа да постигне ниту еден гол. Загуби од Данска со 4:0, а потоа одигра без голови против Ирска во Даблин. Пред Македонија скокна Босна и Херцеговина која со пласманот на Светското првенство сега напредуваше за шест позиции и е на 65 место на ФИФА ...

