Њујорк, 20 јули 2026 (МИА) – Шпанската репрезентација го освои Светското првенство 2026 година во САД, Канада и Мексико. Во финалето, Шпанија ноќва ја победи Аргентина со 1:0 по продолженија. Феран Торес го постигна единствениот гол во 106. минута, по асистенција на Нико Вилијамс. Двајцата играчи влегоа како резерва за време на натпреварот. По основните 90 минути резултатот беше нерешен 0:0. Шпанија доминираше во текот на сите 120 минути и ...
Шпанија е нов светски шампион! „Црвената фурија“ ја симна Аргентина од светскиот трон, откако по продолженија славеше со 1-0 во големото финале на Светското првенство на „МетЛајф“ стадионот во Њу Џерси и ја обедини европската и светската титула. Човек на одлука беше Феран Торес. Напаѓачот на Барселона влезе во игра во 62. минута на местото на Микел Ојарсабал, а се претвори во херој на Шпанија. Во 106. минута, по одличната акција на Нико ...

