Брегалница е на само два натпревари од враќање во Првата македонска фудбалска лига, а искусниот стратег Влатко Костов повторно е пред можност да испише ново златно поглавје во својата богата тренерска кариера. На две кола до крајот на Втората македонска фудбалска лига, „сините“ од Штип се наоѓаат на врвот на табелата со 65 бодови, исто колку што има и Скопје, но Брегалница е лидер поради подобриот меѓусебен дуел. До крајот на сезоната ...

Екипата на Брегалница од Штип игра сезона по планот и милиметри ја делат од промоција во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ). Уште две кола има до крајот во Втората лига (ВМФЛ), а „сините“ имаат огромна шанса да си ја завршат задачата. Во последните две кола од Втората лига, екипата на Брегалница игра со ГФК Осогово кој нема мотиви затоа што е на средината на табелата без шанси да се промовира или да испадне, како и веќе испадната Победа. ...