Екипата на ГРК Охрид тргна победнички во плеј-офот откако славеше на гостувањето кај Бутел Скопје (22-28) во рамки на македонската ракометна Суперлига. Тимот на Ројевиќ имаше мака во првиот дел, но потоа си ја заврши задачата според планираното и ги освои бодовите против ривалот. Бутел се покажа во одлично светло, во првите 30 минути, кога имаше само еден гол негатива (10-11). Лошото отворање на вториот дел и трите гола во серија го вивнаа ...

Ракометарите на Охрид го совладаа Бутел на гостувањето во Скопје во натпреварот од првото коло од плеј-офот во Суперлигата на Македонија. На дуелот кој се одигра во салата „Антон Димитров“, охриѓани славеа со 22-28 (10-11). Најефикасни во редовите на Охрид беа капитенот Ојлески со осум погодоци, а одличен беше голманот Пилиповиќ со 12 одбрани. Ѓукиќ заврши со шест погодоци, а Стрмљан и Иванковиќ постигнаа по четири гола. Во следното коло од ...