Од партијата ја обвинија локалната власт дека работи по примитивен и аматерски модел, копиран од нивната сродна партија од Србија, каде што нема никаква одговорност и проверка на сработеното Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) реагира на објаснувањето на скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски дека спорниот билборд што беше поставен на влезот во Скопје е резултат на „печатна грешка“. Од СДСМ велат дека не станува збор за ненамерна ...

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски го нарече срамниот билборд за влезот во Скопје „печатна грешка“. Ова не е печатна грешка. Печатна грешка е кога има грешка во текстот. Ова е графички производ со коњ со пет нозе, мост без крај и храм на Свети Сава од Белград наместо скопски пејсаж. Не е направено од графички дизајнер туку со вештачка интелигенција, без контрола и без елементарна проверка. Тоа што градоначалникот на главниот град може да ...