Лука Модриќ се одлучи да остане во Европа и својата кариера ја продолжи во Италија во редовите на Милан каде експресно се наметна како лидер на тимот кој засега одлично функционира и е на првото место во Серија А. Овие неколку месеци беа доволни за Хрватот да сфати некои работи, да донесе заклучоци како за лигата така и за животот на Апенините. -Се чувствувам добро, физички и ментално, и ми се допаѓа она што го правам. Сакам да продолжам вака ...
Хрватската фудбалска легенда, 40-годишниот Лука Модриќ, рече дека ужива играјќи за Милан и живеејќи во Милано. Освојувачот на Златната топка за 2018 година летоска како слободен играч дојде во Милан и редовно е стартер. „Се чувствувам добро и физички и ментално, би сакал да продолжам вака, забавно ми е, работите одат како што посакував. Гледано од страна, никој не може да сфати колку е тешка Серија А, лигата е силна и компетитивна. Не сум ...

