Кошаркарската репрезентација на Исланд приреди вистинско изненадување со големиот пресврт и победата над Литванија во драматичен квалификациски натпревар што се решаваше во самиот финиш, односно во последната секунда. (86-85). Литванците подобро го отворија мечот и во текот на првото полувреме имаа контрола на резултатот, користејќи ја својата предност под кошевите и искуството во ротацијата. На паузата заминаа со солидна предност и изгледаше ...

Квалификациите за Светското првенство донесоа вистинска драма и резултат кој ретко се гледа на европската кошаркарска сцена. Во третото коло, селекцијата на Литванија претрпе шокантен пораз од Исланд со 85-86, иако имаше убедлива предност до самиот финиш. На нешто повеќе од седум минути пред крајот, Литванците водеа со огромни 21 поен разлика (77-56) и се чинеше дека прашањето на победникот е веќе решено. Но, тогаш следуваше неверојатен пад ...