Шаренило, креативност и незаборавна атмосфера, струмичани уште еднаш потврдија дека знаат како да создадат магија под маски, напиша струмичкиот градоначалник Костадин Костадинов на Фејсбук. „Маските, изработени со посебен напор и љубов, носат уникатна убавина на вечерта, а маскенбалот во хотелот „Сириус“ ветува нова незаборавна карневалска авантура. Со секој детал, со секој изглед, се чувствува духот на традицијата, но и современата креативност ...

Митко и Катерина Дрвошанови се избрани за принц и принцеза на Струмичкиот карневал на синоќешниот маскенбал што се одржа во хотелот „Сириус“ во Струмица. Тие, вечерва во 18:30 часот, заедно со кралот и кралската свита ќе го предводат карневалското дефиле на Интернационалната карневалска вечер низ улиците на Струмица. На маскенбалот учествуваа голем број гости од земјава и странство, а една од највпечатливите маски беше на градоначалникот на ...