Македонската православна црква денеска го празнува споменот на својот патрон Свети Климент Охридски – Чудотворец, најпознатиот меѓу повеќето ученици на Светите браќа Кирил и Методиј. Татјана Алексиќ, професорка по македонски јазик и литература во скопската гимназија „Раде Јовчевски-Корчагин“, со интересна објава на социјалните мрежи. Во својот став прашува „Го чувствуваме ли светиот празник Св. Климент повеќе од продолжен викенд?“. Алудира дека ...

Го чувствуваме ли светиот празник Св. Климент повеќе од продолжен викенд? Кога би направиле улична анкета на денешниов ден и би ги прашале случајните минувачи дали знаат кој е првиот словенски универзитет, како се вика првата словенска азбука или што им значат датумите 5 мај 1945 и 7 јуни 1945 година, би добиле поразителни одговори. Подобро да не прашуваме туку да се потсетиме за најсветото нешто на еден народ – јазикот. Често им сугерирам на ...