Сподели Група ентузијасти, повеќето роднокрајци од историското село Црвена Вода, Дебрца, формално собрани во Друштвото за култура и литература “Мацково”, во чест и слава на соселанецог кој надалеку ги прослави, веќе седма година, ја организираат манифестацијата – Балкански поетски камп за млади “Ванчо Николески”. Мацково е една од трите населби на падините на Караорман, од каде дошле претците на Николески, во заедничкото населено место Црвена ...
Манифестацијата, формално, започнува наредниот петок, 22 август, со свеченпо потвпрање во Централното основно училиште “Ванчо Николески” во Лескоец, крај Охрид, единствената институција која го носи името на бардот на македонската литература за деца и млади, во Македонија. Професорите и учениците, по традиција, подготвуваат културно уметничка програма за своите драги гости, годинешните учесници од Србија, Турција, Албанија, Грција и Македонија, ...