Сите екипи кои ќе настапат во баражот за влез во Втората македонска фудбалска лига се познати, а познати се и второлигашите кои ќе се борат за опстанок во мечот кој за нив ќе има карактер на финале. Според ексклузивни информации на Спортска Мрежа, бараж натпреварите се закажани да се одиграат на 30 мај (сабота), на неутрален терен, дополнително ќе биде утврдено каде. Според нашите информации второлигашите меѓусебно не може да се погодат во ...
Овој викенд се комплетираа и Третите лиги на Македонија, по што е познато кој ќе игра бараж за влез во Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ). Пет третолигаши и три второлигаши ќе се соочат меѓу себе за да ги пополнат местата во ВМФЛ. Од Третата лига доаѓаат екипите на Камјани (Запад), Еуромилк (Север), Влазними (Југозапад), Борец (Југ) и Победа Валандово (Исток). Од Втората лига бараж за опстанок ќе играат Кожуф, Тетекс и Саса. Паровите ќе ...

