Наместо дебата за унапредување на индустријата, која и сега е меѓу најстрого контролираните во земјата, со новиот предлог-закон за игрите на среќа се отвораат вратите за прераспределба на моќта. Се поставува прашањето дали зад нетранспарентното носење на нов закон, построг кон легалната индустрија, се кријат бизнис интереси подготвени да жртвуваат десетици илјади работни места за креирање на нов државен монопол. Претставувањето на новиот ...
Двојните аршини околу онлајн обложувањето фрлаат сериозна сенка врз вистинските намери зад новиот предлог-закон за игри на среќа. Додека изминатава година се стегаше обрачот околу онлајн сајтовите што приредуваат игри на среќа преку нивно целосно забранување на територијата на Македонија, државната платформа „Мегавин“ продолжи непречено да функционира, отворајќи сомнежи дека крајната цел не е искоренување на коцкањето, туку чистење на ...

