Вековната карневалска традиција уште еднаш ја крена на нозе Струмица со Интернационалното карневалско дефиле, на кое продефилираа 39 групи со над 1.000 учесници од земјава и странство, кои со голем елан ги промовираа своите карневалски креации. И годинава кралот на карневалот објави: „Време е, нека почне Струмичкиот карневал“, почна да тече реката од карневалски креации, а традиционално први настапија струмичките мажоретки. За кусо време ...

Во духот на проштавањето и заедништвото, илјадници граѓани денеска го прославија големиот христијански празник Велики поклади – Прочка, при што празнувањето кулминираше со традиционалните карневали. Најсвечено беше во Струмица и во Прилеп, како и во скопското село Љубанци, каде што продолжи карневалската традиција стара со векови. На Струмичкиот карневал продефилираа 39 групи со над 1.000 учесници од земјава и од странство, кои со голем елан ...