Кошаркарите на МЗТ Скопје успеаја со подобра игра во второто полувреме да го надиграат тимот на Тиквеш со конечни 88-85 во деветнаесеттото коло на македонската Суперлига. Кавадарчани одиграа солидно прво полувреме и покажаа дека имаат квалитет да му се спротивстават на шампионот. Аеродромци на паузата имаа само еден поен позитива (47-46). Не се предаде Тиквеш ниту во третата делница и постојано се држеше во игра, додека МЗТ се „будеше“ и ...
Кошаркарите на МЗТ Скопје продолжуваат со победничката серија во Суперлигата, откако на домашен терен славеа против Тиквеш со 88-85. Во вториот натпревар од колото, Пелистер пред својата публика го совлада Гостивар со 93-88. Дуелот меѓу МЗТ Скопје и Тиквеш донесе неизвесна борба од самиот почеток. По првата четвртина резултатот беше израмнет (25-25), а кавадарчани во вториот период успеаја да дојдат и до водство од шест поени (42-36). Сепак, ...

