Екипата на Еурофарм Пелистер е првиот учесник во завршницата од ракометниот Куп на Македонија. Шампионот и сезонава ќе има шанса да го освои толку-посакуваниот трофеј во ова натпреварување, а меѓу најдобрите четири влезе откако попладнево славеше победа над Прилеп, во финалето од четвртфиналниот турнир. Дуелот во битолската сала „Боро Чурлевски“ заврши со резултат 30-28, а на полувреме беше 14-14. Прилепчани, кои вчера беа убедливи против ...

Ракометарите на Пелистер денеска со многу повеќе мака од очекуваното стигнаа до победа против екипата на Прилеп, но сепак успеаја да ја потврдат улогата на фаворити. Актуелниот шампион во Суперлигата славеше со 30-28 и со тоа обезбеди пласман на завршниот турнир, на кој во април ќе се натпреваруваат четирите најдобри екипи. Тимот на Прилеп одигра одличен натпревар и во повеќе наврати имаше предност, но во финишот Пелистер успеа да го наметне ...